ДЕСЕРТ КОЈ ЌЕ ги воодушеви НАЈМЛАДИТЕ! Направете МУС ОД ЈАГОДИ (РЕЦЕПТ)

popara16 април, 20221min00
Screenshot_3

Доколку сакате да ги засладите и воодушевите вашите малечки, овој мус од јагоди е вистинскиот избор.

 

Со оглед на тоа дека полека влегуваме во сезоната на јагоди, сигурни сме дека од ова вкусно овошје ќе посакате да направите еден деликатес.

 

Станува збор за мус од јагоди, кој ќе го воодушеви целото семејство.

 

СОСТОЈКИ:

 

  • 500 мл слатка павлака
  • 500 гр исчистени јагоди
  • 100 гр шеќер во прав
  • лажица арома од ванила
  • 200 гр мелени бисквити
  • 70 гр стопен путер
  • чоколадни трошки за декорација

 

ПОДГОТОВКА:

 

Измијте ги и испасирајте ги јагодите, а слатката павлака изматете ја со додавање на шеќер. Во шлагот сипете ја аромата на ванила, а потоа полека изблендираните јагоди мешајќи да добиете едноличен крем. Растопете го путерот, додадете ги бисквитите, убаво соединете и со оваа смеса покријте го дното на чашата за сервирање. Прелијте ја пената и украсете со павлака и чоколадни трошки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma