„Дефиниција на кич“: Никол Кидман преплавена со негативни коментари заради нејзиниот избор на фустан

popara20 април, 20221min00
288109_profimedia0505034093_ff

Актерката Никол Кимдан се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „The Northamn“ во Холивуд. Друштво и правел сопругот Кит Урбан, а според медиумите не се двоумеле да разменуваат нежности на црвениот тепих.

Никол Кидман не се двоумела ниту да ја покаже својата креација, која воопшто не беше минимална, а се чинеше дека сакаше да привлече големо внимание на премиерата.

Тоалетот што го носеше го потпишува модната куќа Прада, а познато е дека Кидман сака да носи парчиња од оваа модна куќа.

Фустанот што го носеше е интересен поради неговиот дизајн кој е долг, во лимета боја, има розови пердуви на ракавите, а има циркони по целиот фустан. Сепак, судејќи по коментарите кои се шират на социјалните мрежи, никому не му се допаѓа нејзината комбинација.

„Очајно ѝ треба нов стилист“, „Зошто не го отпушти стилистот, од каде ѝ текна да го носи ова“, „Зошто секогаш избира идиотски фустани?“, „Толку убава жена, но стилот – хорор…“, „Дефиниција за кич“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Актерката одлучила фустанот да го комплетира со сребрена чанта, додала и обетки со смарагдни детали а за комплетната комбинација облекла црни сандали со прерамки.

Комплетниот изглед го заокружила со ниска пунџа и шминка која дава ведрина на нејзиното лице.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma