Задолжително пробајте
Состојки:
- 2 јајца
- 16 лажици брашно
- 2 дл јогурт
- 1 прашок за пециво
- масло по потреба
- шеќер и сол по потреба
Подготовка
Се матат 2 јајца, па се додаваат 16 лажици брашно, прашокот за пециво и 2 дл јогурт.
Додадете шеќер и сол по потреба во случај да сакате солено или слатко. А може и без шеќер т.е сол.
Сè добро изматете додека тестото не стане мазно.
Се вади со лажица и се пржи на масло.