Дејв Шапел нападнат за време на настап, напаѓачот веднаш бил исфрлен од обезбедување

popara4 мај, 20221min00
1651654216195-dave-chappelle-dejv-cepel-830x0

Комичарот Дејв Шапел беше нападнат на сцената за време на настап во вторникот вечерта, пред луѓето кои присуствуваа на шоуто, а снимката брзо се најде на социјалните мрежи.

Неколку учесници на настанот објавија видео од инцидентот, на видеото се гледа Шапел на местото на настанот кога човек од десната страна му пришол и се обидел да го фати.

Се гледа дека напаѓачот e одвлечен од обезбедувањето.

Шапел се обиде да остане присебен и продолжи да се шегува: „Тој беше транс човек“, а шегата беше референца за актуелната полемика околу некои комичарски шеги кои беа протолкувани како трансфобични.

Чапел подоцна се сврте кон инцидентот и јавно му се заблагодари на комичарот Џејми Фокс.

„Секогаш кога сте во неволја, Џејми Фокс ќе се појави во шерифска капа и ќе ве спаси“, рече Шапел.

Фокс го искористи моментот да им се обрати на публиката и на Шапел.

https://xdn.tf.rs/2022/05/04/1651654334814-dave-chappelle-dejv-cepel-830x0.jpg

– Слушај, само сакам да кажам, овој човек е апсолутен гениј. Мора да се погрижиме постојано да го штитиме – изјави Фокс.

– За секој комичар што ќе дојде овде, ова значи се. Ти си гениј. Ти си легенда. Уживав и нема да дозволиме ништо да ти се случи“, додава Фокс.

Шапел настапи како дел од Netflix Is A Joke Fest, фестивал на комедија во Лос Анџелес организиран од гигантот Netflix.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma