ДИЕТА со ориз која го забрзува метаболизмот: Може да послужи како ДЕТОКС бидејќи го чисти телото од токсини, а КИЛОГРАМИТЕ едноставно ќе ИСЧЕЗНАТ

popara17 декември, 20221min00
23090_shutterstock-591358532_f

Чистењето на телото со ориз се прави кога телото треба да се исчисти од токсините за да се собере што повеќе енергија.

Терапијата за чистење на телото со ориз се користи за отстранување на насобраните соли од организмот и кај болести на урогениталниот систем. Помага во забрзување на метаболизмот, ги елиминира токсините од телото, ја намалува тежината и ја враќа енергијата.

Чистење на телото со ориз

Ќе ви требаат: , 4 тегли и 4 чаши кафеав ориз (иако може да се користи и бел).

Првиот ден наутро, истурете 2 лажици ориз во тегла наполнета со чиста ладна вода (прво измијте го оризот). Покријте го садот со крпа за да не се извалкаат водата и оризот. Ставете ја теглата на полица или прозор.

Вториот ден процедете го оризот и измијте го, па повторно полијте со вода и оставете го да отстои на полицата. Ако е многу жешко во домот, мора да го миете оризот два пати на ден за да не закисели. Потоа во друга тегла ставете 2 лажици ориз, потопете го во ладна вода и оставете го до утре.

Третиот ден го миете оризот од теглата број еден и теглата број два, а земете ја теглата број три и ставете ориз (2 лажици) и вода во неа.

Четвртиот ден измијте го оризот од теглите број 1, 2 и 3, а потоа земете ја четвртата тегла и во неа натопете 2 лажици ориз.

Петтиот ден измијте го оризот од теглата број 1, па згответе го за појадок. И во нова тегла ставете свеж ориз и прелијте со вода, па ставете го зад теглата број 4.

Овој процес трае од 40 до 45 дена. Оризот се готви многу кратко за да се добие каша. Може да се јаде и сиров ориз кој стоел во вода цели 4 дена.

Појадокот треба да се состои од овој ориз, без сол и шеќер или путер. Половина час пред појадок, испијте чаша вода. По појадокот 4 часа не смеете ништо да јадете и пиете.

По 2 до 3 часа, може да се чувствувате многу гладни, но не е дозволена ниту чаша вода, а камоли јаболко или сок.

Кога ќе поминат 4 часа по појадокот, можете да испиете чаша вода, а потоа да ручате нормално.

За ручек или вечера можете да јадете што сакате, но солта намалете ја на минимум. Ако ја намалите солта, оваа диета ќе делува подобро.

Пред било каква било диета, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma