Дилемата е решена: Експертите откриваат колку често треба да го перете градникот

popara18 јули, 20221min00
grudnjak

Градниците се дел од секојдневието на секоја жена, тие се потрошна роба и имаат одредена цел.

Секоја жена има барем неколку градници во својата фиока, а повеќето од жените имаат завидна бројка. Се акумулираа низ годините и секој од нив има своја приказна: еден спортски – за трчање или во теретана, еден црвен – за Нова година, еден црн тантела, „push-up“ за поддршка – во секоја смисла, градник само со жица, памучен, беж што оди со се…

Па, сега се наметнува прашање кое им пречи на многу жени, имено: Колку често треба да го миете градникот? А одговорот на производителот на градникот е: барем еднаш неделно.

Зашто, доколку го миете градникот поретко од препорачаното, на него се акумулираат маснотии, нечистотија, пот и бактерии, а тој е најблиску до вашата кожа и затоа треба да има приоритет при миењето.

Некои експерти велат дека градникот треба да се измие по третото носење.

Се разбира, се зависи од тоа како поминал денот. Ако сте трчале, се потите, ќе сакате да го измиете што побрзо.

Но, ако сте го носеле само неколку часа, тоа не се брои како ден на носење.

Препорачливо е градникот да го миете рачно во благ детергент или, доколку навистина треба, во машина на најниска температура.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma