ОВЕН (21. III – 19. IV)
Научете да велите „Не“! Денес можно е да се преуморите ако постојано ги задоволувате туѓите барања, истовремено фокусирајќи се и на вашите проблеми. Не сте суперхерој, не мора да глумите дека сте само за да ги усреќите другите.
Веројатно ќе започнете да губите интерес за нешто што до вчера ви будело страст. Ќе го промените вашиот пат.
БИК (20. IV – 20. V)
Не можете да се вратите во минатото за да се извините, ниту за да постапите поинаку. Денес престанете да ги навраќате ситуациите и за се прашувате што ќе се случеше ако направевте нешто поразлично. Дистанцирајте се од она што поминало и насочете се кон она што допрва ви претстои.
Набрзо ќе ви се случи нешто што ќе ги замени сите ваши лоши спомени со спомени кој ве радуваат.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Лути сте за нешто што ви се случило во изминатиот период? Денес ќе бидете склони да трупате негативни емоции во себе, заборавајќи дека треба да го направите точно обратното – да се ослободите од нив.
Разговарајте отворено за вашите чувства со вашите омилени личности. Нивните совети не се нешто што треба да го игнорирате.
РАК (21. VI – 22. VII)
Нема да имате голема енергија во првиот дел од денот и ќе ви треба многу поголема концентрација од вообичаено за да ги завршите секојдневните обврски. Следете го вашето тело и не се форсирајте. Дајте си го потребниот одмор.
Ќе ви биде мило што сте го направиле тоа откако вечерва ќе почувствувате желба за забава. Ви претстојат прекрасни моменти на вечерното излегување.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Одлично ќе се согласувате со сите денес. Внимателно ќе слушате што имаат луѓето да ви кажат и ќе умеете да ги изберете вистинските зборови во секоја ситуација. Ќе бидете светлина во многу животи.
Следете ја вашата интуиција кога запознавате нови лица. Ако внатрешниот глас ви вели дека некој е премногу добар за да биде вистинит, верувајте му.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Премногу размислувате на последиците од вашите постапки и тоа ве спречува да го живеете животот максимално. Ослободете се од мислите од типот „Што би било кога би било“, бидејќи голем дел од сценаријата што ги замислувате постојат само во вашиот ум и нема да се случат реално.
Не треба да си дозволите да бидете сами денес. Луѓето ќе помагаат да мислите позитивно.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Дали чекате нешто да се случи за да бидете среќни? Престанете, зарем не гледате дека личноста која е одговорна за вашата среќа сте вие самите? Денес зграпчете го денот и направете нешто што ве исполни со позитивни емоции.
Стилот ќе ви биде ведар и ќе ги хипнотизира луѓето. Подгответе се да примите бројни комплименти.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Порака која ќе ја добиете рано наутро ќе ви го забрза срцето и ќе ве исполни со возбуда. Некои шкорпии ќе бидат поканети на љубовен состанок, други ќе добијат изненадување од партнерот, а трети ќе слушнат убава вест за сакана личност.
Иднината ќе ви стане помалку неизвесна, бидејќи сега ќе можете да започнете да ја планирате.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Предизвиците се најдобрите учители. Денес ќе се соочите со тешка ситуација во која одлично ќе се снајдете и ќе се издигнете многу помудри. Не, нема да ви биде лесно, но ќе созреете како никогаш досега.
Можеби ќе ви се потребни повеќе обиди за да ги пронајдете потребните одговори, но откако ќе ги откриете, животот ќе ви биде многу посладок.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Лесно ќе се разочарувате кога нештата не ви одат по план, а денес непредвидливи случки ќе ви ги поматат плановите. Можеби е подобро спонтано да се движите низ денот без да имате големи очекувања од него.
Не ставајте во вашата чинија повеќе отколку што можете да изедете. Ќе бидете склони да ги преценувате вашите способности.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Ослободете се од рутините, престанете да живеете по одредена шема и направете нешто ново. Денес ќе имате потреба од разнообразие за да бидете среќни. Некој ќе ви каже зборови кои не треба да ги сфаќате премногу лично.
Помешајте ги пријателите со семејството вечерва. Колку повеќе лица ќе има околу вас, толку посреќни ќе бидете.
РИБИ (19. II – 20. III)
Денес вашите интереси ќе се судрат со интересите на незрела личност од вашето семејство. Можно е да се соочите со тешки карактери, па потребно е да бидете трпеливи. Не паѓајте на провокации и бројте до 10 кога емоциите ќе ве надвладеат.
Обидете се да не ги покажувате вистинските чувства. Така луѓето нема да знаат што точно се случува во вас.