Кејт Милдтон овој пат не е во фустан.
Најчесто ја гледаме во фустани со миди должина и елегантни кошули, но принцезата има и друг тип на гардероба. Кога ќе ја заврши својата секојдневна работа, Кејт прибегнува кон панталони и сакоа. Елегантно, деловно, но и женствено.
Кејт ги посети просториите на здружението „Родителите и заедниците заедно“, каде со членовите разговараше за нивните идеи за да можат локалните заедници да ги поддржат семејствата во подобрување на менталното здравје.
За оваа пригода избра сако од твид, материјал кој им беше омилен на генерации жени, а се врати кон крајот на минатата година и оттогаш често го гледале. Сакото може да ја спои целата модна комбинација, а изгледот на Кејт е вистински пример за тоа. На едноставната основа, црни пантолони и блуза во иста боја, таа додаде само сако и направи модерен изглед во само неколку чекори.