Во режија на Гевин Елдер, Винсент Адам Пол и Џорџ Скот, „A Hollywood High“ ќе биде прикажан во кината ширум светот на 3-ти ноември 2022 година.
Групата „Duran Duran“ најави нов 75-минутен документарен филм, наречен „A Hollywood High“.
Концертниот документарец ќе содржи снимки од бендот како настапува во живо на покрив во Лос Анџелес, како и интервјуа и архивски снимки кои ја прикажуваат нивната долгогодишна љубовна врска со градот.
Нивниот настап е снимен на покривот на „The Aster“ во Холивуд, со поглед на зградата на „Capitol Records“, домот на првата издавачка куќа на Дуран Дуран.
Во режија на Гевин Елдер, Винсент Адам Пол и Џорџ Скот, „A Hollywood High“ ќе биде прикажан во кината ширум светот на 3-ти ноември 2022 година.
– За нашиот прв настап во Америка по неколку години, сакавме да направиме нешто навистина посебно и интимно – изјави клавијатуристот Ник Роудс.
– Дуран Дуран има постојана врска со градот Лос Анџелес откако првпат дојдовме во Америка – рекол басистот Џон Тејлор, пренесува „NME“.
Погледнете го трејлерот: