Една девојка од Денвер одлучила да го сподели на ТикТок своето покачување на платата од 20.000 долари во технолошка компанија – но, вели дека на крајот добила отказ откако шефовите ја виделе снимката.
Во јуни, Лекси Ларсон споделила видео на ТикТок во кое вели дека добила покачување на платата од 70.000 на 90.000 долари, откако се вработила во технолошката индустрија. Таа раскажала и за трошоците во Денвер и како се вработила.
Ларсон вели дека откако компанијата за која работи го пронашла нејзиниот ТикТок налог, таа почнала да ги брише видеата за да не ги налути нејзините шефови. Била свесна дека има право да разговара за нејзината плата според Националниот закон за работни односи, но сепак одлучила да го отстрани видеото.
@itslexilarson How much my paychecks increased when I went from $70k to $90k per year #paycheckbreakdown #salarytransparency #paytransparency
Сепак, нејзините шефови виделе се. На компанијата воопшто не и се допаднало тоа што Ларсон ја открила висината на нејзината плата.
„TикТок ме чинеше работа“, вели Ларсон, додавајќи дека тоа се случило две недели откако била ангажирана.
„Два дена подоцна, откако разговараа со мене за мојот профил на оваа социјална мрежа, на крајот ме отпуштија затоа што рекоа дека мојот налог на ТикТок е безбедносен проблем“.
Како што објаснија адвокатите, отказот бил оправдан од гледна точка на компанијата. Секоја бизнис – компанија во САД има свој интерес да се погрижи да не давате дискриминаторски изјави, да откривате трговски тајни, да се заканувате со насилство или да се вклучите во незаконско однесување.