Додадете уште една состојка во лимонадата!
Кога сакате да ја вратите силата и енергијата, првиот чекор е органска детоксикација со цел да ги исфрлите насобраните токсини и да му дозволите на телото да работи непречено, а во овој случај ќе почувствувате олеснување.
Започнете со пијалок кој е совршен за овие летни денови. Се работи за лимонада, но не обична лимонада.
Лимонадата е омилениот летен пијалок на многумина, освежителен е и многу вкусен, но кога ќе додадете активен јаглен во неа, добивате совршен напиток за оживување на целото тело.
Токму поради активниот јаглен овој пијалок има црна боја, а вкусот останува непроменет. Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање воздух додека јадете), како и кај проблеми со кожата.
Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот, што доведува и до губење на тежината. Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од различни растенија и кора од кокос и има впивачки својства, поради што ги отстранува штетните материи и токсините од телото.
За подготовка ви треба:
– цок од половина лимон или лимета
– чаша минерална или кокосова вода
– половина кафена лажичка активен јаглен
Ставете ги сокот од лимон и правот од активен јаглен во водата. Добро измешајте и напитокот е готов.
Пијалокот се пие еднаш неделно и не почесто од тоа.
Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лековите. Затоа, доколку земате некои лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.