Таа е решена да му земе сè
Шпанските медиуми го открија идентитетот на девојката која го раскинува бракот на омилениот естраден пар. Според нив, се подготвува жестока тепачка за старателство над двата сина кои Пике и Шакира ги добија во бракот.
Ако е точно она што го пишува таблоидот „Informalia“, љубовницата на Пике има 22 години, нејзините иницијали се C. C., а родена е во Каталонија.
Шпанските новинари понатаму наведуваат дека тој ја запознал фаталната студентка во ноќен клуб во Барселона, каде таа работела како келнерка. Се пишува и дека Пике повеќе не ја крие оваа врска и дека веќе ја запознал сите свои пријатели.
Да се потсетиме, Шакира според првите гласини го фатила својот невенчан сопруг во кревет со љубовницата, а дека тоа не е далеку од вистината потврдуваат и информациите со кои располага „Informalia“. Авторката на текстот наводно има цврсти докази дека пејачката неодамна ангажирала приватен детектив кој ги потврдил нејзините сомнежи за неверството на Пике.
Шакира подготвува брутална одмазда
Понатаму, во овој лист се наведува дека Шакира нема намера да му прости на Пике за неверството и дека до последен здив ќе се бори за целосно старателство над нивните синови, како и дека ќе бара огромна финансиска отштета.
Се наведува и дека пејачката веќе пронашла тим од најдобрите адвокати и дека е сигурна дека ќе го доведе Пике до просјачки стап.