Потребни ви се само три дена за да се чувствувате како препородени…
Чистењето на телото од токсини е и тоа како важно за нашето здравје, а посебно внимание треба да обрнат пушачите. Добрата работа на белите дробови води кон подобро здравје и расположение а нивното повремено чистење е важно бидејќи секојдневно вдишуваме нечистотии од воздухот.
Постои третман кој трае три дена, после што ќе почувствувате подобрување.
Еве што се треба да направите во текот на тридневната рутина:
– Два дена пред почетокот престанете да јадете и пиете млечни производи бидејќи телото мора да се ослободи од насобраните токсини од тие производи
– Првиот ден од третманот испијте шоља чај пред спиење. Тоа ќе ги исфрли отровите од цревата. Имајте предвид дека белите дробови за време на чистењето не смеат да се оптоваруваат со тешки физички активности.
– Пред појадок испијте 300 мл вода со сок од два лимони. Потоа испијте 300 мл сок од грејпфрут, но ако тој сок ви е премногу одбивен испијте исто количество сок до ананас. Соковите од ова овошје содржат природни антиоксиданси кои ја подобруваат работата на системот за дишење…
– Помеѓу појадокот и ручекот испијте 300 мл сок од моркови бидејќи ќе помогне да се алкализира крвта во текот на трите дена на чистење
– За време на ручекот испијте 400 мл сок богат со калиум бидејќи тој делува како тоник за чистење одвнатре. Калиум има во банани, кајсии, круши…
– Пред спиење испијте 400 мл сок од брусница, тоа ќе помогне во борбата против бактериите во плуќата кои можат да предизвикаат инфекција
– Опуштете се 20. минути во врела купка, сите три дена, бидејќи преку потењето токсините излегуваат до телото.
– Во сад со врела вода ставете 5. до 10. капки етерично масло од еукалиптус и инхалирајте се со пешкир преку глава. Вдишувајте ја пареата се’ додека водата не се излади.