Доказ за вечна љубов: На која рака треба да го носите вереничкиот прстен, а на која бурмата?

popara3 јуни, 20221min00
Burme

Веренички и венчален прстен традиционално се носат како доказ за вечна љубов и ветување кон некого.

Сепак, многумина не се сигурни на која рака треба да ги носат, лева или десна.

Традицијата на носење прстени датира од антички Египет, античка Грција и антички Рим. И во тој период бурмата се носела на четвртиот прст од левата рака бидејќи се верувало дека на овој прст има вена која оди директно до срцето, а овој орган се смета за емотивен центар на телото.

Старите Римјани, наводно, ја нарекувале оваа вена „вен аморис“ (латински „вена на љубовта“). Но, подоцна било утврдено дека не постои вена која оди од четвртиот прст до срцето, но и покрај тоа оваа традиција опстанала до ден-денес, па прстените се уште се носат на истиот прст.

Ако не сакате да ја следите традицијата, не сте должни, се разбира. Но, тоа е еден од универзалните начини за другите луѓе да знаат дека сте зафатени.

Вереничкиот прстен го симболизира ветувањето за брак, а венчалниот само го зајакнува. За време на свадбената церемонија, вереничкиот прстен обично се пренесува на десната рака, па можете да го ставите венчалниот прстен на левата страна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma