Доколку имате чувствителна и оштетена кожа, пробајте ja ОВАА намирница: Ја отстранува и ЕКЗЕМАТА, но ја намалува и појавата на БРЧКИ

popara13 јули, 20221min00
Screenshot_7

Расте популарноста на козјото млеко во светот на козметиката за чувствителна и оштетена кожа

 

 

Бројни брендови создадоа производи со акцент на оваа ретро состојка, козјото млеко. Навлажнувачката, млечна формула е многу пријатна, особено во лето кога треба да се користи нешто посветло.

 

Оваа природна состојка, која е благодарна за консумирање од секаков вид, сега е достапна како формула за чистење на телото, купка, лосион, но и како крем. Ја хидрира кожата и ја смирува, но и го зајакнува природниот одбранбен систем.

 

– Имав тешка егзема како девојче. Откако пораснав на фарма, мајка ми ме капеше во купка со козјо млеко, што потоа сето тоа ми го омекна – се присетува експертот за нега на лице Кејт Сомервил.

 

Млекото има витамини од групата Б, АХА и калциум. Може да биде состојка и за пилинг, освен класичните креми и лосиони. Бидејќи е хранливo, ја намалува појавата на брчки, но и можноста за нови. Богатo е и со антиоксиданси кои ја штитат кожата од оштетување на слободните радикали.

 

Козјото млеко може да се комбинира со други иновативни состојки како што се сквалан, ниацинамид, хијалуронска киселина и витамин Е.

 

Негата со природни состојки станува се попопуларна, а оваа сцена добива се поголема популарност во светот на козметиката. Аптеките и парфимериите пуштаат природна козметика во понудата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma