Понездрав е отколку што мислевте
Мајонезот за некои е омилен намаз, без кој не можат да замислат поголем дел од оброците. Иако одамна се зборува дека тоа е не толку здрава храна, многумина не се свесни што може да се случи доколку ја јадат во големи количини. Затоа докторката Нурија Дијанова објасни што може да се случи во тој случај.
Првото нешто што треба да го имате на ум е дека овој намаз е полн со маснотии – 100 грама од оваа намирница содржат и до 60 отсто масти, што би значело дека има повеќе масти од најмасната павлака.
Доколку претерате со мајонезот, докторката предупредува дека ги зголемувате шансите за холециститис и панкреатитис. Покрај тоа, може да се појави и гастритис.
Холециститисот е акутно воспаление на ѕидот на жолчното кесе, додека панкреатитисот е воспаление на панкреасот.