Ако замислите дека сте го извалкале лицето или некој друг дел од телото, дали и тоа место ќе го избришете со хартија – прашува докторот
Австралиски лекар откри зошто не е љубител на тоалетната хартија, велејќи дека бришењето „премногу енергично“ може да доведе до многу проблеми.
Колоректалниот хирург од Квинсленд, д-р Бредли Морис, зборуваше за употребата на тоалетна хартија на подкаст на „News.com.au“.
– Најголем дел од проблемите што ги гледаме на кожата околу анусот се предизвикани од прекумерен обид за одржување хигиена, а многу ретко од несоодветна хигиена – објаснува тој и додава дека станува збор за многу чувствителна област.
– Не разбирам зошто користите тоалетна хартија за бришење. Ако замислите дека сте го извалкале лицето или некој друг дел од телото, дали и тоа место ќе го избришете со хартија?
– Мислам дека треба културно да го промениме она што го правиме или можеби да почнеме да користиме биде или вода за миење, бидејќи премногу бришење може да ја трауматизира кожата.
Докторот открива дека доколку забележите дека е потребно многу бришење, можеби имате некаков елемент на пролапс или не се празните правилно.
На прашањето колку често треба да вршиме нужда, докторот вели дека она што е нормално за еден човек не е за друг.
– До три пати на ден или еднаш на секои три дена се смета за нормално празнење- вели тој.