Доктор го откри најдобриот трик за драматично намалување на шеќерот во крвта: Потполно е БЕСПЛАТЕН, а ви требаат само ДЕСЕТ минути!

popara4 јуни, 20221min00
29182_shutterstock-2079582829_f

Дом Д’Агостино е доктор на науки и професор по медицинска биохемија, физиологија и неврофармакологија.

Иако се занимава со здрава исхрана, неговите совети воопшто не се ригорозни и не вклучуваат одредени намирници. Всушност, трикот е премногу едноставен, а судејќи според оние кои го вклучиле во секојдневието, тој е повеќе од ефикасен.

„Опуштената прошетка може да го преполови гликемискиот одговор на телото. Ако се прошетате после оброк, веднаш по оброкот, промените на гликозата во крвта ќе ви се намалат. Го пробав тоа на себе и можам да ги намалам моите вредности за 50 проценти само со шетање на моите кучиња десет минути по појадокот или вечерата“, изјави проф. д-р Д’Агостино.

Не се работи за долга прошетка, ниту за голем напор, туку буквално за опуштена прошетка во паркот, улицата, местото каде што живеете…

Прошетката може да трае само десет минути, а дури пожелно е да бидете максимално опуштени. „После оброкот не се советува посилна физичка активност, поради што лесната, кратка прошетка е идеален начин да го намалите шеќерот“, вели тој.

Науката, се чини, стои зад неговиот став. Едно истражување во кое учествувале 78 возрасни покажа дека само десет минути физичка активност помагаат да се контролира нивото на гликоза во крвта. Учесниците биле поделени во две групи, едната требало да седи по оброкот, а другата да пешачи. Нивните параметри биле следени пет и 35 минути по оброкот и било утврдено дека поактивната група има подобри вредности на шеќерот во крвта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma