Долго време се сметаше дека компирот дебелее, но научниците сега тврдат дека тој е многу корисен за слабеење

popara30 ноември, 20221min00
Krompir

Експертите велат дека компирот е исто толку здрав како гравот и грашокот

Одлични вести за сите љубители на јаглени хидрати! Компирот, намирница која секојдневно се консумира во Македонија, може да биде оружје во борбата против вишокот килограми.

Според студијата на истражувачите од „Pennington Biomedical Research Center“, откриена е изненадувачка придобивка од компирот – тој е богат со хранливи материи и може да биде дел од здравата исхрана.

Овој зеленчук долго време се сметаше за штетен за луѓето со отпорност на инсулин, па дури се вели дека придонесува за зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2. Научниците сега тврдат дека новите резултати ќе ја поправат „лошата репутација“ на компирот.

– Луѓето имаат тенденција да јадат иста количина на храна без разлика на содржината на калории, за да се чувствуваат сити. Ако јадете храна со малку калории, можете да го намалите нивниот внес без оглед на тоа колку јадете – изјави професорката Кандида Ребело, коавтор на студијата, во која биле опфатени 36 лица на возраст меѓу 18 и 60 години.

Меѓу испитаниците имало и луѓе со инсулинска резистенција и оние кои се дебели. Им биле дадени две различни диети, а и двете биле богати со овошје и зеленчук.

– Клучниот аспект на нашата студија е тоа што не ја намаливме големината на оброците, туку ја намаливме нивната калорична содржина со вклучување на компири. Оброкот на секој учесник беше прилагоден на нивните персонализирани калориски потреби. Истражувањата покажуваат дека компирите имаат тенденција да ве одржуваат сити подолго од другите скробни јаглехидрати, како што се тестенините и оризот – објаснува Ребело.

Компирите содржат витамин Ц, витамин Б6, калиум, магнезиум, фолна киселина и растителни влакна, а откриено е дека имаат и антиоксиданси. Откако ги споредиле хранливите материи, научниците откриле дека компирот е исто толку здрав како гравот и грашокот.

– Покажавме дека, спротивно на општото верувањето, компирот нема негативно влијание врз нивото на гликоза во крвта. Всушност, поединците кои учествуваа во нашата студија ослабеа – изјави Ребело.