Кралот Чарлс III еднаш објави рецепт за неговиот омилен појадок, имено пржени јајца со британско сирење.
„Една од работите што несомнено ни носи големо задоволство е добрата храна“, рекол Чарлс.
Покрај тоа што и самиот крал јаде ваков појадок, доброто е што е лесен за подготовка, а воедно и економичен.
Состојки:
– 100 гр спанаќ, прелијте го со топла вода за да се „изгаси“
– 1 свеж чери домат, може и сушен
– 35 гр полумеко сирење
– 1 јајце
– 80 мл слатка павлака
– 15 гр рендано тврдо сирење
– свежи листови босилек
– малку путер
Подготовка:
Мал сад за рерна премачкајте го со путер, а дното покријте го со листови спанаќ кои претходно се „изгаснати“ во топла вода, оставајќи мала дупка во средината на садот. Потоа исечете ги доматите на четвртинки и наредете ги врз спанаќот. Скршете го помекото сирење над спанаќот, помеѓу четвртините домати. Додадете ги искинатите листови босилек и зачинете со сол и бибер. Скршете го јајцето во дупката во средината. Потоа со кремот прелијте го спанаќот, внимавајќи да не се истури јајцето. Посипете со рендан пармезан и ставете во рерна на 180 степени 8-10 минути.