ДО КОГА БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПОТРОШИМЕ МЕЛЕНОТО МЕСО: Има ограничен рок на траење, а се зависи од тоа дали е од замрзнувач или од фрижидер

popara30 јануари, 20221min00
1917307_profimedia0413608557_ls

Меленото месо има рок на траење кога е во прашање фрижидерот, но и замрзнувачот. Ни се чини дека ова прашање си го поставуваме одново и одново затоа што секој пат се грижиме дали сме ја направиле вистинската работа?

Колку време всушност можеме да го оставиме меленото месо во фрижидер, а колку долго може да остане во замрзнувач?

Свежо купеното мелено месо може да остане во фрижидер еден ден, најмногу два, а доколку не планирате да го консумирате во тој период, ставете го во замрзнувач бидејќи во спротивно ќе се расипе и ќе прошири бактерии на останатиот дел од фрижидерот.

Колку долго меленото месо може да стои во замрзнувачот?

meso

Губењето на влага е една од главните причини поради кои меленото месо го губи вкусот по долгото стоење, дури и ако е во замрзнувач. Многумина мислат дека ако го замрзнеме месото тоа не влијае на рокот на траење, но вистината е поинаква.

Се верува дека замрзнатото сурово месо може да стои 3 до 4 месеци без да го промени вкусот. На пример, за да знаете кога сте го ставиле, можете да го напишете датумот на кесичката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma