Бројни познати дами повторно се шминкаат вака
Се чини дека и оваа сезона имаме големо враќање на трендовите од 1990-тите и почетокот на 2000-тите, како во облекувањето, така и во фризурите и шминката.
Една од овие работи која го доживува својот голем камбек оваа сезона е сенката во металик нијанси.
Сигурно се сеќавате на неа. Не поминуваше ниту еден настан каде се појавуваа Бритни Спирс, Кристина Агилера, Парис Хилтон и многу други познати дами, без дополнително да ги истакнат очите со ова средство.
За разлика од сенките кои беа доминантни пред дваесет години, модерните нијанси се со нешто помеки, понежни тонови.
Познатите дами како Хејли Бибер, Аријана Гранде и Џиџи Хадид, неодамна беа забележани со пастелни металик нијанси на сенки.