Холивудската актерка Дру Баримор проговори за периодот по разводот со актерот Вил Копелман. Рекла дека тој период ѝ бил многу „тежок и збунувачки“, пренесува Page Six.
– Има моменти кога гледаш во некој кој е силен, но во тој момент скршен и си помислуваш: „Како се случило ова?“ Јас бев таа личност. Се скршив – рече таа и додаде дека од Калифорнија се преселила во Њујорк.
– Алкохолот ми беше константа. Не можев да се сменам. Бев слаба и не можев да го направам она што е најдобро за мене – признала таа.
Актерката на крајот престанала да пие и отишла на терапија.
– Кога ќе заглавите во шема на однесување или ако поминувате низ некои ситуации, не е доволно само гласно да ги признаете, треба да се натерате да кажете дека сте подготвени за промени. „Мислам дека сите мислиме дека сме многу слаби ако не ги направиме тие промени“, изјави Баримор за CBS Mornings минатата година.