Дуа Липа во вторникот беше тужена за кршење на авторските права од реге бенд од Флорида, кој тврди дека британската поп ѕвезда од Косово го украла нејзиниот хит „Levitating“ од помалку познат бенд и песна од 2017 година.
Во тужбата поднесена до федералниот суд во Лос Анџелес, членовите на бендот наречен Artikal Sound Sistem тврдат дека песната на Липа „Levitating“ – која помина 68 недели на листата песни на Billboard Hot 100 и беше прва на листата со песни на Hot 100 во 2021 година – е всушност копија на песната „Live your Life“.
Тужбата беше многу кратка и содржеше претежно шаблонски наводи за прекршување на авторските права, со малку детали за тоа како и зошто Липа наводно ја копирала песната, а ова не и е прв пат да прави нешто такво. Но, беше напишано дека двете песни се толку слични што „не е веројатно дека „Levitating“ е создадена независно“.
„Levitating“, издадена во 2020 година на вториот студиски албум на Липа „Future Nostalgia“, беше голем хит, на крајот стигна до број 1 на листата Hot 100 и ја обезбеди титулата на најдолготрајната топ 10 песна досега од женски изведувач на списокот..
Artikal Sound Sistem е реге бенд со седиште во Јужна Флорида, основан во 2012 година како дуо, пред подоцна да додаде повеќе музичари и вокали – на пример, Логан Рекс. Бендот го издаде „Live your Life“ на нивното ЕП „Smoke and Mirrors“ од 2017 година.
Како и во секој случај за авторски права, во тужбата против Липа стои дека имала „пристап“ до претходна верзија на нивната песна, што значи дека ја слушнала песната, што на тој начин ѝ дало можност да ја ископира. Но, случајот не објаснува точно зошто бендот верува дека поп-ѕвездата всушност ја слушнала нивната песна и ја копирала.
Во тужбата се обвинува и Warner Records, како и други кои помогнале во создавањето на „Levitating“. Претставниците на Липа и Ворнер мјузик груп не одговорија на барањата на „Билборд“ за коментар додека не беа објавени стиховите.