Дури и бојата на украсите е важна: Како треба да ја украсите елката за да привлечете среќа и пари во 2023-та?

popara22 декември, 20221min00
jelka-2048x1922

Според кинескиот календар, 2023 година е година на црниот воден зајак. Кои фенг шуи декорации да ги изберете кога сакате да привлечете среќа, пари и љубов во текот на целата година?

Новогодишната елка освен што го украсува просторот и носи позитивна енергија, се поврзува и со силни емоции. Кога го украсувате дрвото со вашето семејство, се поврзувате, правите нешто заедно исполнето со радост.

За да привлечете среќа во новата година, фенг шуи укажува на тоа дека ви требаат светло тиркизни, сини и зелени топчиња. Можете да го украсите и со силни светла за да привлече внимание во домот и да ја направи атмосферата во куќата што е можно попразнична.

За да привлечете љубов, треба да закачите соодветни украси на елката. Овие можат да бидат снежно-бели гулаби, мандарински патки или нежни розови срца. Оние кои веќе ја нашле својата среќа нека закачат неколку белешки на новогодишната елка со желби и пораки на љубов и благодарност еден кон друг.

За да привлечете пари за новата година, фенг шуи ги истакнува боровите шишарки. Тие можат да бидат украсени со златен или сребрен сјај. За декорација се погодни и мали чоколадни медаљони во златна фолија.

Експертите за фенг шуи предлагаат на овие места да ја поставите елката во зависност од тоа што сакате и очекувате од следната година:

Исток (здравје и семејство)

Југоисток (пари и изобилство)

Југ (слава и репутација)

Север (кариера)

Домашен центар (за емотивни работи)

Запад (креативност)

Североисток (за доверба)

Северозапад (за поврзување и комуникација)

Југозапад (За љубов)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag