ЕВА КАКО ИЗГЛЕДА АМАЛ КЛУНИ КОГА ПАТУВА: Розе фустан и папучи кои чинат цело богатство! СОВРШЕНО! (ФОТО)

popara10 јуни, 20221min00
281677_amalkluni_ls

Откако наводно го снимил имотот што има намера да го купи и не му е проблем да издвои 7 милиони фунти за него, Џорџ Клуни со приватен авион допатува на југот на Франција за да започне преговори. На пат ја повел и својата убава сопруга, адвокатката Амал Клуни, која може да му даде и правен совет, како и долгогодишниот пријател и деловен партнер Ранди Гербер, сопругот на Синди Крафорд.

Папараците на југот на Франција денеска ги триеја рацете, кога добија порака дека на блискиот аеродром ќе пристигнат холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни. Двојката Клуни пристигнала со приватен авион во друштво на Ранди Гербер и неговата сопруга Синди Крафорд, а откако се симнале од авионот, со приватен автомобил, кој веќе ги чекал, отишле во „Grand-Hotel du Cap-Ferrat“.

Amal Kluni

61-годишниот актер за патувањето избрал фармерки и обична црна маичка, додека неговата сопруга како и секогаш блескаше. Облечена во розов фустан со еден ракав, 44-годишната Амал Клуни покажа како на патување може да изгледате одлично.

Amal Kluni

Фустанот го стегнала околу половината со кафен ремен, а чантата на рамото и беше во иста боја со популарните влечки „Hermes“. Насмеана и расположена Амал излезе од приватниот авион со пуштена коса и очила за сонце.

Семејството Клуни на ова патување не ги понесе своите близнаци Ела и Александар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma