Актерката Ким Катрал (66) која се прослави со улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“, се појави со своето момче на доделувањето на наградите „Гламур“.
Дечкото на Ким Катрал ја поддржа ѕвездата додека ја примаше наградата „Screen Icon“ на доделувањето на „Гмалур“ нарада за жени во 2022 година.
Таа ја разубави вечерта во црн мини фустан без прерамки кој имаше шест реда блескави украси околу нејзиното деколте. Ја носеше русата коса пуштена надолу, а имаше и прекрасни висечки обетки.
Поранешната ѕвезда на „Сексот и градот“ го донесе своето момче Расел Томас со кое е речиси седум години. Тој изгледаше згодно во темно сив костум, кој го искомбинира со црна вратоврска и црвено џебно марамче.
Двојката се запознала во 2016 година кога Расел бил вработен во Би-Би-Си и оттогаш се неразделни.
– Си се допаѓавме еден на друг, останавме в контакт, а потоа тој дојде кај мене во Ванкувер – откри Ким за „People“ во септември 2020 година.
„Беше многу храбро од негова страна затоа што не се познававме, освен од тоа што неколк пати имавме излезено заедно.“
За време на нејзиниот говор за прием на наградата за икона на екранот, Ким истакна колку е горда на себе што можела да облече фустан и покрај тоа што е во седмата деценија.
– Јас сум актерка, работам на филм, телевизија и театар повеќе од 50 години. Сум играла сенаторки, кралици, претседателки, мајки од трејлер приколки и вампири. Почнав млада, сега сум постара актерка на сетот. Но, сè уште можам да го носам овој фустан – изјави таа за „Glamour“.
По настанот, Ким сподели фотографии на нејзината страница на Инстаграм.
– Каква инспиративна вечер! Ти благодарам „Glamour“ што ме вклучи меѓу толку успешни, убави и талентирани жени – напиша таа во насловот.