Актерката Ева Мендез со нова објава ги подгреа гласините дека запловила во брачните води со својот долгогодишен партнер, актерот Рајан Гослинг.
Ева позираше во жолт топ, со крената коса и марама, а деталот на нејзината рака го привлече вниманието на многумина.
Актерката има тетоважа „de Gosling“ што би значело госпоѓа Гослинг.
Оваа „титула“ навестува дека актерката стапила во брак, како и дека го земала презимето на своето момче со кое е во врска веќе 11 години, а со кое има и две ќерки, Есмералда и Анада.
Иако многумина мислеа дека тетоважата е нова, Ева во својот одговор на коментарот истакна дека оваа тетоважа е веќе многу стара, и дека луѓето сигурно досега не ја забележале.