Ева Мендез откри зошто веќе осум години не глуми: „Другите бизниси ми пружија повеќе“

popara11 октомври, 20221min00
eva-mendes-attends-the-bad-lieutenant-port-of-call-new-news-photo-1625061668

Актерката Ева Мендез веќе осум години немавме можност да ја видиме во нови продукции, поради што многумина мислат дека таа се повлече од светот на актерството.

Нејзината последна голема улога беше во филмот „Lost River“ од 2014 година, а актерката сега откри зошто долго време отсуствува од очите на јавноста.

– Никогаш не престанав да глумам – започна таа на својот Инстаграм профил.

– Сакав да бидам повеќе дома, со моите деца, а за среќа другите мои деловни потфати ми го овозможија тоа подобро од глумата – објасни актерката која е косопственичка и амбасадорка на брендот „Skura Style“, компанија за чистење кујни, а исто така има и своја линија на облека.

Ева објаснила и како повеќе не сакала да ги прифаќа стереотипните улоги кои ѝ биле понудени, особено по споменатиот филм за кој вели дека ѝ бил „проект од соништата“.