Од начинот на кој ќе ги складирете зависи дали ќе ги зачуваат сите корисни елементи
Малините се омиленото овошје на многу луѓе поради нивниот неодолив слатко-кисел вкус. Од нив се прават џемови, слатки и сокови, а на многу десерти им даваат посебна арома и пополн вкус.
Замрзнувањето ги зачувува сите витамини, а со неколку едноставни чекори ќе го зачувате целото овошје и сите здрави работи во нив.
Првото нешто што треба да го направите е да направите селекција – да ги одделите здравите плодови без оштетувања од оние што почнале да гнијат. Измијте ги со вода, а потоа оставете ги да се исушат. Внимателно наредете ги малините во сад.
Оставете ги во замрзнувач 7-8 часа додека целосно не се замрзнат. После тоа, префрлете ги во чисти кеси, кои ќе ги затворите и ќе го исфрлите воздухот од нив. Потоа вратете ги во замрзнувач, внимавајќи да не ставите нешто тешко врз нив.