Еве како правилно да чувате јагоди: Со помош на овие трикови ќе им го продолжите рокот на траење

popara5 мај, 20221min00
jagode-830x0

Јагодите многумина ги опишуваат како вкусот на пролет и лето, а ретко кој не го сака ова неодоливо црвено овошје. Сепак, јагодите се многу чувствителни на високи температури, па затоа е важно како ги чуваме за да не се расипат.

Јагодите бараат посебна грижа и складирање за да траат што е можно подолго по купувањето. Доколку планирате да ги јадете веднаш, најдобра опција е да ги оставите на собна температура, на пултот во кујната. Меѓутоа, доколку сакате да им го продолжите животот, фрижидерот е најдобриот избор.

Исто така, ако не планирате веднаш да јадете јагоди – не ги мијте. Јагодите ќе останат свежи кога се суви и ладни, а секоја дополнителна влага ќе ги омекне и ќе го поттикне растењето на мувлата. Затоа, измијте ги јагодите кога планирате да ги јадете.

Оставете ги зелените стебла на свежи јагоди кога ги чувате во фрижидер. Недопрените стебла ќе ја заштитат внатрешноста на јагодите и ќе им го продолжат животот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma