Еве колку пати на ден жените САКААТ секс, никогаш нема да погодите!

popara6 октомври, 20221min00
676 (1)

Ако мислите дека само мажите иницираат секс, се лажете.

Ситуацијата се промени. И жените го прават тоа.

Една нова студија покажа дека дури 75 отсто од жените сакаат секс најмалку три пати неделно.

Анкетирани биле над 5.000 жени, од кои 46,8 отсто биле задоволни од својот сексуален живот.

Од друга страна, 53,2 отсто од нив би сакале почесто да имаат сексуални односи.

Кога станува збор за оргазмот, околу 38,6 отсто од жените кулминираат барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 отсто од нив често, 16,2 отсто повремено и 10,2 отсто имаат редовни повеќекратни оргазми. Само 8,4 отсто од жените ретко доживуваат оргазам за време на секс со партнерот, а само 2,8 отсто никогаш.

Се покажа и кои негативни фактори имаат најголемо влијание врз сексуалниот живот на жените:

– Стрес (39,2 проценти)

– Лоши односи со партнерот (28,2 проценти)

– Несигурност поради физичкиот изглед (20 проценти) i

– Грижа за мали деца (11,8 проценти).

Студијата потврдила и дека најважна работа за жените за добар секс е емотивната поврзаност, односно постоењето на меѓусебни чувства. Така мислат 53,2 отсто од жените, додека 23,6 отсто од нив ја гледаат предиграта како клуч за се.

Како други фактори се наведуваат комуникацијата (10,4 проценти), редовната сексуална активност (7 проценти), воведувањето на новитети и различности (4 проценти).