Ново истражување тврди дека треба да се води љубов еднаш неделно за сексот позитивно да влијае на здравјето, тврди истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско.
Научниците го следеле сексуалниот живот на 129 жени и испитаниците давале податоци околу задоволството во своите врски, како и околу конфликтите, поддршката која ја имаат од партнерот и интимноста.
Кога ги споредиле тестовите на крвта, резултатот бил дека оние кои имале секс барем еднаш неделно имале значително подолги теломери, кои се сметаат одговорни за стареење.
Со текот на годините, теломерите во нашите клетки пропаѓаат и се скратуваат како резултат на стареење, исхрана, консумирање на алкохол, велат научниците.
Редовниот секс може да го поправи стареењето и да ги продолжи теломерите, одржувајќи ги на тој начин клетките здрави.
Ова мало истражување, секако, бара дополнителни истражување за потврда на оваа теорија.