Еве што прави прекрасната глумица Кејт Бекинсејл за да изгледа фантастично во нејзината 48-ма година

popara12 јули, 20221min00
profimedia-0275805742-830x0

Дали знаевте дека убавата актерка Кејт Бекинсејл има 48 години? Иако е во петтата деценија, актерката никогаш не изгледала подобро, пишува Bodyandsoul.com.

Холивудската актерка може да се пофали со неверојатен изглед, но фитнесот не и бил секогаш омилен. Таа во една прилика за „Woman’s Health“ објасни дека со вежбањето почнала дури во дваесетите кога се подготвувала за улога во легендарниот филм „Перл Харбор“.

На почетокот, вели таа, не уживала да вежба, но 20 години подоцна станала вистинска зависничка од теретана.

Она што ја одржува мотивирана е менталното здравје што доаѓа со тоа што е активна.

– Чувствувам силна поврзаност со моето тело, па кога ќе доживеам стрес, сигурно ќе го доживеам и на физички план. Потоа одам на тренинг за да се ослободам од лошата енергија – рекла таа.

Кејт го започнува своето утро со појадок и директно упатување во теретана. Актерката тренира 6 пати неделно под надзор на личен тренер. Обично тоа е HIIT тренинг кој вклучува кревање тежина, склекови, чучњеви, бокс и многу други вежби за сила.

Покрај вежбите, Кејт строго се грижи и за тоа што јаде. Таа генерално не консумира шеќер и јаглехидрати бидејќи тие ја прават да се чувствува надуена. Нејзината исхрана се базира на протеини и зеленчук, кои нејзиното тело добро ги вари.

Кејт долго време била вегетаријанка, но поради советите на тренерот почнала да јаде риба и пилешко.

– Кога го снимав филмот Перл Харбор, почувствував недостаток на енергија, а советот на тогашниот тренер беше да почнам да јадам риба и пилешко. Така направив и ми помогна – откри Бекинсејл и додаде дека воопшто не консумира алкохол:

– Не пијам алкохол. Многу брзо ги чувствувам неговите ефекти и всушност никогаш не сум испила цела чаша нешто алкохолно – објаснила таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma