Бед Бани, моментално најпопуларниот пејач во светот кој повеќе од една година е број еден најстримуван изведувач на Spotify, му подари сочен бакнеж на маж за време на неговиот настап на MTV VMA наградите.
За време на настапот пред преполната сала на доделувањето на MTV VMA наградите, Бед Бани прво бакна девојка, а потоа момче, а потоа ја однесе наградата за најдобар уметник на годината.
Бакнежите се случија за време на неговата изведба на хит-траката „Tití Me Preguntó“.
Овој потег потсети на познатиот бакнеж меѓу Мадона и Бритни Спирс, кога кралицата на поп музиката прво ја бакна Кристина Агилера, а потоа и принцезата на попот на истото доделување во 2003 година.
I REALLY GOT TO SEE BAD BUNNY KISS A MAN ON STAGE WITH MY OWN TWO EYES. WE LOVE BISEXUAL BENITO 🤍 #BadBunny #VMAs #yankeestadium pic.twitter.com/zAUIqWhJDu
— 🥷🏼 (@slaysoncartel) August 29, 2022
Порториканскиот рапер прво го бакнал танчерот од десната страна, а потоа му ја свртел главата за да го бакне играчот на левата страна.
Бед Бани им се обрати на присутните на шпански.
– Отсекогаш знаев дека можам да станам ѕвезда без да се откажам од јазикот, корените и мојата земја – рече тој.