Веројатно имате бебешка пудра во вашата бања која едноставно седи таму и ретко ја користите.
Откако ќе разберете што сè може да направи за вас, секогаш ќе ви биде при рака.
Тоа е замена за многу други производи кои инаку би ги купиле и залудно би ги трошеле парите, па затоа е добро да знаете како можете да ја користите.
Апсорбира масти
Следниот пат кога нешто мрсно ќе капне на вашата кошула или тепих, посипете го местото со бебешка пудра. Апсорбира масло и ја освежува ткаенината.
Ги отстранува мирисите од чевлите
Истурете бебешка пудра во чевлите и оставете ја преку ноќ. Следниот ден истресете ги чевлите и ќе мирисаат како нови.
Решение за чкрипење на паркет
Ако имате проблем со крцкање на паркетот, посипете бебешка пудра на подот, а потоа користете метла за да ги пополните празнините меѓу летвите.
Ги отстранува непријатните мириси
Наместо дезодоранс за пазуви, нанесете детска пудра. Апсорбира пот и задржува свеж мирис.
Го освежува креветот на вашето домашно милениче
Посипете ја корпата или креветот за миленичиња со бебешка пудра и добро протресете ја. Бебешката пудра ќе ги отстрани непријатните мириси од местото каде што вашето домашно милениче го поминува поголемиот дел од своето време.
Освежувач на соби
Во бебешката пудра додајте неколку капки од омиленото есенцијално масло и распоредете го низ станот. Мирисот кој ќе се шири низ домот ќе ве воодушеви.