Јапонските експерти веруваат дека ѓубрето и нечистотијата во домот доведуваат до исклучително лоши чувства, негативни емоции и мисли.
Ова се главните причини зошто куќата треба редовно да се одржува.
Тие истакнуваат дека има 5 работи кои многумина од нас ги чуваат во куќата иако таму немаат место. Понатаму, нè советуваат да се свртиме еднаш на 7 дена и да ги бараме овие работи во домот, а кога ќе ги најдеме веднаш да ги фрлиме или да смислиме начин да ги рециклираме.
Прашината не е секогаш видлива, но остатоците се, па дури и ако вашата куќа е исчистена од подот до таванот, овие предмети ја прават неуредна.
1.. Отпадна хартија
Еднаш неделно подигнете ги сите флаери, весници, картонски кутии и слични хартиени предмети што се во вашиот дом. Јапонците веруваат дека просторијата исполнета со хартии претставува хаос, што не е добро за човечката психа.
2. Ситници околу станот
Имаме тенденција да акумулираме разни ситници со текот на времето, од монети и копчиња, до истрошени батерии и скршени играчки. Јапонците советуваат овие работи да се собираат еднаш неделно, доколку не се фрлаат секој ден, да се сортираат доколку е потребно и да се фрлат на посебно место или да се рециклираат.
3. Сунѓери за миење садови
Познато е дека сунѓерите за садови се вистинска почва за бактерии, а експертите советуваат да не се користат подолго од една недела.
4. Овенато цвеќе
Според фенг шуи, овенатите цвеќиња се вистински магнет за негативна енергија, па затоа е важно сите исушени цвеќиња да ги исфрлите од дома и да ги замените со свежи, кои симболизираат убавина и привлекуваат позитивна енергија.
5. Празни шишиња
Се случува празни шишиња со козметички производи, па дури и шишиња со хемикалии за домаќинство, да останат празни со денови. Навистина нема потреба од тоа, а ако не ги фрлите веднаш штом ги испразните, тргнете во потрага по нив во станот еднаш неделно и фрлете ги сите или смислете како да ги искористите.