Чистењето на прозорците е работа која, колку и да не ни се допаѓа, повремено мораме да ја направиме. И кога зборуваме за чистење, мора да зборуваме и за средствата што се користат за тоа.
Алкохолниот оцет најчесто се споменува како еден од најефикасните. Сепак, на социјалните мрежи се почесто се споменува црниот чај како ефикасно средство.
Следбениците на „кралицата на чистењето“, г-ѓа Хинч тврдат дека тој е поефикасен во чистењето од оцетот и дава совршени резултати.
Ова се должи на неговиот состав, односно танинската киселина, која може да ги „разбие“ и најтврдокорните наслаги на маснотии и нечистотија.
Многу производи само ги размачкуваат на прозорското стакло, но тоа не е случај со црниот чај.