Нејзиниот Инстаграм профил „експлодираше“, бидејќи следбениците беа воодушевени
Една од најпознатите жени во светот, старлетата Ким Кардашијан, изгледа непрепознатливо во костимот што го избра за Ноќта на вештерките.
Оваа година таа реши да се маскира во мутантката Мистик од франшизата „Икс-мен“, која ја играа Ребека Ромијн и Џенифер Лоренс. Облече комбинезон припиен до кожата, го обои лицето со сина боја, стави леќи и црвена перика.
Набргу потоа нејзиниот Инстаграм профил „експлодираше“, бидејќи нејзините следбеници беа воодушевени.
– Не можам да замислам колку труд требало да вложиш за да изгледаш совршено во овој костим. Ме потсети на времето кога се изгладнуваше за да влезеш во фустанот на Мерлин Монро. Секогаш даваш се од себе – е еден од коментарите.