Најчестите заблуди
Витаминот Ц е една од најпознатите, но и најпогрешно разбраните состојки кога е во прашање негата на кожата. Постојат многу митови за оваа хранлива состојка во кои веруваме, но благодарение на експертите успеавме да решиме некои сомнежи.
Шест митови за витаминот Ц и негата на кожата:
Витаминот Ц предизвикува чувствителност на сончева светлина
Витаминот Ц во чиста форма е киселина, па луѓето мислат дека не треба да се користи во текот на денот. Сепак, студиите покажаа дека тоа е силен антиоксиданс кој всушност помага да се заштитиме од сонцето. Затоа, кремите со SPF фактор, а на база на овој витамин, се сосема безбедни за употреба.
Витаминот Ц не е за чувствителна кожа
Нашето тело не го создава овој витамин, па единствен начин да го добиеме е преку храна или одредени препарати. Овој витамин е погоден за сите типови на кожа, но доколку имате чувствителна кожа, користете поблаги формули без многу киселина.
Колку повеќе, толку подобро
Формулите со поголем процент на овој витамин не се секогаш подобра опција. Имено, во помала концентрација овој витамин подобро се апсорбира и продира во кожата, а дава подобри резултати.
Витаминот Ц остава дамки на кожата
Иако во некои случаи, употребата на препарати со овој витамин навистина ја обојува кожата (најчесто портокалова), тоа е привремена пигментација. Измијте ги рацете веднаш по нанесувањето на производот и нанесете масло за нега на лицето по кремата или серумот со овој витамин. На овој начин ќе спречите оксидација и појава на дамки.
Можеме да развиеме отпорност на витаминот
Ниту една научна студија досега не го докажала ова тврдење кога станува збор за витаминот Ц. Значи, телото не станува отпорно со текот на времето, ниту пак кожата со текот на времето се навикнува на овој витамин.
Не смее да се комбинира со други киселини, ретинол или ниацинамид
Единствената вистина е дека ниацинамидот и чистата аскорбинска киселина не треба да се комбинираат на високи температури, што секако не е случај кога станува збор за негата на кожата. Ниту една од овие состојки нема да и наштети на другата или негативно да влијае на здравјето и изгледот на кожата.