Актерката моментално престојува во Рим
Една од најубавите актерки на светот Шарлиз Терон моментално престојува во главниот град на Италија, а нејзиното појавување во сосема природно издание и без трошка шминка изненади многумина.
Имено, Шарлиз беше уловена на римските улици во лежерно издание, а бидејќи неодамна ја промени бојата на косата, таа целосно ги изненади сите. Од фатална русокоса стана бринета.
Погледнете ТУКА
Сепак, фановите не се премногу ентузијасти за нејзиното сегашно издание, бидејќи многумина коментираат дека никогаш не би ја препознале на улица.