Манекенката Ирина Шајк се појави на црвениот тепих на 79. филмски фестивал во Венеција и потценето е да се каже дека ги остави сите без здив.
Таа прошета во црн свилен фустан кој во исто време ги воодушеви сите, но имаше и такви кои негативно го коментираа нејзиниот стајлинг бидејќи го критикуваа дизајнот и материјалот на фустанот бидејќи изгледаше како „фустан за спиење“.
Сепак, секој што ја разбира модата и трендовите ќе знае дека оваа креација е токму она парче кое беше најпопуларно во изминатите неколку сезони.
Ирина реши уште еднаш да покаже колку совршено може да изгледа свилениот црн фустан и колку внимание може да предизвика. Црниот фустан со тенки прерамки ја истакна нејзината совршена фигура и сексапил. Фустанот со гол грб и пократок воз е дизајниран од Пинко.
Заедно со оваа тоалета, таа реши да донесе и вамп шминка, како и златен накит. Ја заврши комбинацијата со едноставна фризура.
Да потсетиме дека се шпекулира дека Ирина Шајк и Бредли Купер се смириле. Двојката веќе ја има ќерката Леа и наводно сака уште деца.