Погрешната фризура може драстично да го „расипе“ вашиот изглед.
Затоа е важно да изберете фризура која одговара на вашата возраст и карактер.
Постојат безброј фризури и начини на кои можеме да ја обликуваме косата, а вистинскиот избор може да направи да изгледаме поубаво, помладо и посвежо.
Фризерите прво ја нагласуваат важноста на бојата на косата, и кои нијанси треба да ги избегнувате во постарите години.
Што се однесува до бојата, советот е да изберете нијанса или две посветли доколку сакате да изгледате помладо. Во спротивно, потемната коса ќе се истакне и ќе ви додаде неколку години.
Со текот на годините кожата станува потенка, посветла и постара, па ако на сето тоа додадеме потемна нијанса на боја на коса, кожата на лицето доаѓа до израз и се истакнуваат сите несовршености на него.
Фризерите истакнуваат дека прамените се одличен избор со комбинација на посветли нијанси, со што лицето ќе изгледа посвежо и помладо.
Која фризура најмногу им одговара на постарите дами?
Општо познато е дека постарите жени претпочитаат пократка фризура, но доколку се чувствувате привлечно со долга коса, нема потреба да ја потстрижувате, велат стилистите.