Превкусни се!
Состојки:
- 350 гр млеко во прав
- 200 гр шеќер
- 150 гр кокосово брашно
- 150 гр путер
- 80 гр лешници
- 1,5 – 2 дл вода
Подготовка:
Шеќерот зовријте го со водата. Се трга од оган и постепено се меша со млекото во прав и путерот. Кога смесата ќе се олади, направете топчиња, во секое топче ставете по еден лешник и валкајте ги во кокос.