Ед Ширан откри која епизода на South Park му го уништила животот!

popara4 јануари, 20221min00
mtv-ema-15-830x0

Музичарот Ед Ширан изјави дека мисли оти епизодата од „Ginger Kids“ од серијата „South Park“ ја уништила шансата неговата портокалова коса некогаш да се смета за кул. Тој рече дека црвената коса никогаш не била нешто со што луѓето во Америка би се потсмевале се до епизодата од анимираната серија која се емитуваше во ноември 2005 година.

– Таа епизода од „Саут парк“ ми го уништи животот. Отидов во Америка и сите беа во стилот „Ти ја обожавам косата“. И јас бев како: “О Боже мој, луѓето ја сакаат мојата коса?” И тогаш се сеќавам дека таа епизода излезе низ целиот свет и тоа беше тоа крајот на мојот живот – изјави Ширан.

Ед истакна дека се уште е голем обожавател на серијата „South Park“ и дека би сакал да го даде својот глас на некој лик во неа.

Погледнете инсерт од епизодата која му го „уништи животот“ на Ед Ширан:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma