За ова прашање се дебатира со години, а интернетот изобилува со причини зошто некои спијат со чорапи, а некои без.
Постојат дури и теории кои велат дека дали спиете со чорапи или не ја одразува вашата личност, па ако спиете без чорапи тоа според нив значи дека сте заштитнички настроени кон другите, додека ако спиете со чорапи сакате да се чувствувате заштитено.
Како да се разбере правата вистина?
За среќа, истото прашање ги заинтригирало научниците, па биле спроведени повеќе истражувања за тоа дали да се спие со или без чорапи.
Традиционалната кинеска медицина веќе откри дека топлите стапала во текот на ноќта се клучот за добрата циркулација. Додека пак неодамнешните научни истражувања покажаа дека луѓето кои спијат со чорапи заспиваат во просек 15 минути пред луѓето кои спијат без чорапи.
Овие луѓе спијат помирно и подлабоко. Исто така имаат помалку непроспиени ноќи. Затоа, ако сакате добро да се одморите, спијте со чорапи!