Оваа смеса може да го спречи враќањето на мувлата
Една експертка за чистење по име Шантел Мила сподели рецепт на нејзиниот профил на „TikTok“, за смеса за отстранување на мувла. Покрај тоа, оваа смеса може да го спречи повторното појавување на мувлата.
Состојки:
чаша алкохолен оцет
20 капки масло од каранфилче
20 капки масло од чајно дрво
Маслото од каранфилче, благодарение на неговите состојки, помага да се убијат спорите од мувла. Покрај тоа, маслото од чајно дрво е исто така ефикасно во елиминирање на габите и бактериите.
Доволно е да ја испрскате смесата на површината каде што е развиена мувлата, да ја оставите да делува околу 20 минути, а потоа да ја измиете со вода.
Многумина беа воодушевени од овој трик, но Шантел предупреди дека мирисот на мувла може да остане во просторијата со недели.
Видеото може да го погледнете ТУКА.