Експерт за храна објаснува: Еве зошто не треба да ги држите јајцата на вратата од фрижидерот!

popara8 мај, 20221min00
jaja-frizider-830x0 (1)

Иако повеќето фрижидери имаат дел во вратата наменет за чување јајца, експертите откриваат дека не треба да ги оставаме таму.

Тие го објаснуваат ова предупредување со фактот дека јајцата кои стојат на вратата од фрижидерот често се изложени на температурни промени поради отворање и затворање на фрижидерот.

Имено, вратата се смета за најтоплиот дел од фрижидерот, поради што постои можност јајцата побрзо да се расипат.

Експертот за храна Крис Бисли открива која е најсоодветната положба во фрижидерот за чување јајца и објаснува и зошто тоа не е вратата:

– Треперењето предизвикано од удирање во вратата ја дестабилизира белката од јајцето, што може да уништи некои јадења. Затоа јајцата, како и сите други расипливи намирници, треба да се чуваат на горната полица, која е најладна.

Покрај тоа, тој советува да не се вадат јајца од картонската кутија во која се купени, бидејќи кутијата си има своја намена.

– Јајцето е покриено со мали пори кои лесно ги впиваат несаканите мириси, но и бактериите. Чувањето на јајцата во кутија е најдобар начин да спречите бактерии да завршат на нив – заклучил експертот за храна Крис Бисли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag