Експерт објаснува како да ги зачувате сите хранливи состојки во супата

popara15 септември, 20221min00
shutterstock1867098652-830x0

Супата е стара колку и уметноста на готвење, а речиси секоја нација има свој посебен рецепт за ова „јадење на лажица“. Супата отсекогаш се сметала за лек и точно е дека е многу здрава, бидејќи во неа се става разновиден зеленчук и месо.

Сепак, иако изгледа многу едноставно за правење, мора да внимавате на одредени ситници доколку сакате вашата супа да биде вкусна и да го извлечете нутритивниот максимум од нејзините состојки.

Дипломиран професионален менаџер за гастрономија и мајстор за суши Драгана Кнежевиќ открива трик со кој ќе можете да ги зачувате сите хранливи состојки кои го прават ова јадење толку здраво.

– Во тенџере се ставаат коренест зеленчук и одредени делови и видови месо. Сега, трикот е она што го сакате. Доколку сакате самата супа како течност да биде вкусна и хранлива, тогаш треба да налиете ладна вода и така да ја зготвите. Меѓутоа, доколку сакате самата храна да биде хранлива, тогаш треба да полиете топла вода и да ја оставите да се свари – открива нашиот соговорник.

Според неа, кога ќе го прелиете месото со топла вода, околу него се формира мембрана која всушност ги штити сите хранливи материи во него и не дозволува ништо да излезе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma