Летото е при крај и затоа е време да размислиме за ново/старите есенски трендови кои полека ни се враќаат.
Плишаните материјали ќе бидат во мода оваа есен.
Сега, директно од 90-тите, доаѓа врвниот плиш.
Значи, доколку барате софистицирана есен, овој материјал треба да се најде во вашата гардероба.
Обезбедува безвременско чувство за стил и сигурно ќе ви го донесе посакуваниот изглед.
Плишот се најде во повеќето колекции на Високата мода есен 2022 година.
Со малку труд нема да може да згрешите, иако на прв поглед може да изгледа тешко за комбинирање.
Плишан блејзер
Направете промена доколку ви е доста од класичните материјали на сакоа.
Плишаните сакоа во комбинација со едноставен избор на остатокот од аутфитот ќе изгледаат софистицирано и ќе дадат професионален изглед.
Оваа сезона носете ги со широки панталони или лежерни фармерки со едноставна маица или кошула.
Плишан фустан
Овој модел дефинитивно го заслужува вашето внимание.
Ако барате фустан за есенска свадба или вечерно излегување со кадифен фустан, не можете да погрешите.
Само внимавајте, кај плишот „малку е многу“.
Одлучете се за умерен остаток на изгледот, значи мат чевли, елегантна фризура и едноставна шминка.